Авантурите на Аладин

  • Режисер: Бојан Трифуновски
  • Информации: Сценограф: Илина Ангеловска
    Костимографи: Антонија Гугинска - Јорданоска и Елена Вангеловска
    Кореограф: Александра Кочовска Начева
    Композитор: Џијан Емин
    Извршен продуцент: Симона Угриновска
    Инспициент и асистент на режисерот: Никола Кимовски 
    Музички асистент на режисерот: Марко Павлевски
    Видео анимации и сценски борби: Миодраг Константинов
    Камерман: Кузман Клековски
    Видео оператор: Марин Рочевски
    Дизајнер на светло: Игор Ѓеоргиев
    Дизајнер на тон: Ненад Трпеноски
    Дизајнер на плакат: Срѓан Јаниќијевиќ
    Фотограф: Драган Гајиќ
  • Премиерна изведба: Среда, 22 Март 2017
  • Времетраење: 80 минути
  • Пауза: Не
  • Сцена: Голема

Правењето претстава за деца е голема одговорност и привилегија. Нема посебен метод, освен времето и љубовта посветени на материјата. Нашата материја беше квантно скокање по Сказните за Аладин. Се обидовме да ги одгатнеме тајните кодови на културните различности и нивната поврзаност со катастрофалната универзална човекова злоба и алчност. Љубовна приказна, која со здрава доза на хумор и естетски цинизам, се бори со секојдневните хипербанални материјалистички пориви. Ова некогаш беше убав свет, ние го расипавме.

Авантурите на Аладин е приказна за победата на љубовта, најнекорумпирабилната сила во универзумот, врз алчноста и злобата. Приказна за простувањето и потребата да се верува дека во секој човек лежи скриен добротвор, скриен пријател, безусловен почитувач и сродна душа. Со многу музика, базирана на рокенрол класици, се карикатуризираат лошите, се нагласуваат пријатните карактеристики и атрибутите на нашите јунаци, во бескрајната трка по среќа. Наш понизен обид да направиме малку магија за најмладите на сцената на Македонскиот народен театар.

Тотален театар и визуелно уживање за сите со отворено срце да го слушнат нашиот повик за подобра иднина на нашите деца.

Сѐ уште не сум слушнал поубава музика од колективното смеење на децата. Нема ни да слушнам!

Бојан Трифуновски, режисер

 

Фото галерија

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk