Репертоар

Сон на летната ноќ

Сабота, 23 Септември 2017 | 20:00
Сон на летната ноќ-фото 2 (Л.Герасимчук) (6).jpg

Театарот „Мастерскаја П. Фоменко” од Москва, на 22 и 23 септември на сцената на МНТ, ја претсавува претставата добитник на престижната награда „Златна Маска” за најдобра претстава за 2015 година - „Сон на летната ноќ" од Шекспир во режија на Иван Поповски.

Во оваа претстава сè е игра - театарска, љубовна, понекогаш по малку и наивна, понекогаш таква што наликува на најсложена шаховска партија. Понекогаш е лута, дури и опасна - таква што е подобро да се набљудува оддалеку. Понекогаш, пак, на детски начин едноставна - таква во која се вклучуваш сакајќи или несакајќи. Но, секогаш е жива и неверојатно занесна. 

Во хаосот на играта, во ноќната опиеност, се отвораат границите на светот - огромен, необјаснив. Каде што дворецот на херцогот, па дури и самата Атина, е само малечка точка, не поголема од светулка во тревата. Каде што „постелата од мов“ мами со својата свежина, како ладникави чаршави. Каде возрасни мажи се губат во привлечноста на самовилите, а вљубените се губат едни со други, се вплеткуваат во живо клопче, дишејќи со љубомора, младост, страв и - љубов. Со неа, како со музика, како со волшебен сок, овде е проткаен и самиот воздух... 

Билетите се во продажба на продажната мрежа на www.kupikartizase.com, или на билетарницата на Македонскиот народен театар од 05.09.2017
Фестивал на претстави од Иван Поповски - „Иван се враќа дома”
  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    210 минути
  • Изведбата е
    со пауза
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk