Силјан Штркот Шанца

  • Автор: Дејан Дуковски
  • Режисер: Срѓан Јаниќијевиќ
  • Информации:

    Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска
    Кореограф: Александра Кочовска – Начева

    Извршен продуцент: Виктор Рубен


    Бенд - ВИС Погани штркови feat. Кокошките од пеколот
    Соло - гитара и вокал: Ивица Димитријевиќ
    Бас - гитара: Александар Ѓорѓиески / Ташко Грујовски
    Удиралки: Никола Кимовски
    Вокали: Нина Деан, Тина Трпкоска и Ана Стојановска

  • Премиерна изведба: Четврток, 20 Октомври 2016
  • Времетраење: 85 минути
  • Пауза: Не
  • Сцена: Мала
  • Следни изведби:
    27.04.2024 од 12:00 часот
    3.04.2024 од 12:00 часот

Ако за театарот се вели дека е игра, илузија, магија ... тогаш во него најмногу, најискрено, највнимателно ... ужива детето. А, зборовите на големиот Илија Милчин „театарот го одложуе својот долг кон најмладите гледачи, давајќи им можност да се забавуат и поучуат во спектакли блиски на нивниот степен и свет на познанија и претстави“, по повод премиерата на првата македонска детска претстава, поставена на сцената на Македонски народен театар, најдобро го потврдува ова. Имено, Македонски народен театар прв ја согледува потребата од негување најмлада публика – децата, со што создава услови за формирање куклен театар. Поради тоа во 1946 година, само една година по неговото формирање МНТ, формира и Куклена сцена иницирана и остварена од режисерот Светлана Малахова и актерот Петре Прличко, која на плакатот за првата претстава е назначена како Куклен театар за деца. Во 1949 година и официјално прераснал во Градски куклен театар, чиј директор бил Лазар Балабанов. Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско- детски театар.

Веројатно токму и поради авантурата и перипетиите во кои се преплетува светот на реалноста и фантастичноста, не случајно е одбрано таа магија на театарот да се отвори/разоткрие со Силјан Штркот! Премиерно прикажана на 21 април 1946 година, Силјан Штркот живее 70 години на сцената на МНТ, најпрво во драматизација на Петре Прличко, според избор од македонското народно творештво, објавено во трудовите на Марко Цепенков, а сега во драматизација на Дејан Дуковски, потпирајќи се и продолжувајќи ја таа традиција. Силјан Штркот започнала преку изработката на куклите и режијата на Светлана Малахова, и продолжува да живее денес преку маските и музиката режирани и водени од Срѓан Јаниќијевиќ. Некогаш се изведувала со куклите раководени од актерите Ратко Гавриловиќ, Јордан Георгиевски, Тома Киров, Марија Мачевска, Деса Прличкова, Вера Филипова, Благоја Црвенков, Добрила Иванова, Трајко Чоревски, Цветанка Јакимовска...., а денес живее преку живата игра на актерите.

 

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk