ЗАТВОРАЊЕ НА 19-ТОТО ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА ВО БИТОЛА СО КОНЦЕРТОТ НА „СВЕТОВ УБАВИНА“ ТЕАТАРСКА МУЗИКА НА ГОРАН ТРАЈКОСКИ, ВО ПРОДУКЦИЈА НА МНТ

Ако театарската музика е некогаш како звучна сценографија, а друг пат невидлив звучен партнер на актерот, тогаш песната во една театарска претстава е ништо помалку од монолог на отворена сцена.

Како солилоквија облечена во соодветна звучна одежда, или осамен разговор на јунакот самиот со себе низ мелодија и звук.
Друг пат пак хорски татнеж со епски одек - отворена порака изразена низ збор кој се вивнал на крилјата на музичката “слика“.
А на што ли би личел театарот онака обезгласен, сувопарен, клоцнат во аголот на вулгарното секојдневие, задушен во мечкината прегратка на директното без метафори празнословие? 
И не е само обична фраза исказот дека “кога зборовите се немоќни да го изглаголат неискажливото тогаш на сцената зачекорува песната“.
Театарот е дисциплина на взаемното вдахновување - синергична уметност. 
Тој црпи од многу извори, а еден од нив е музиката-песната .
Оти и нему како и НА СВЕТОВ му е потребна... УБАВИНА!

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk