Прес-конференција – Премиера „Вујко Вања“

Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе ја изведе Чеховата драма „Вујко Вања“ во режија на Зоја Бузалковска, во која игра осумчлена актерска екипа. 

Во насловната улога ќе настапи актерот Владо Јовановски, а во актерскиот тим се и Љупка Џундева, Благој Чоревски, Никола Ристановски, Сашка К. Димитровска, Дарја Ризова, Катина Иванова и Нино Леви.

vujko vanja so drim tim premierno vo mnt 240429Немоќта на обичниот човек да си го промени животот, неговата неслобода и нереализираност, како што се ликовите од провинцијата за која пишувал Чехов, биле основа преокупација на режисерката во подготовката на текстот за сцена.

Бузалковска на прес-конференција рече дека Чехов пишува за луѓе заглавени во место во кое како  ништо да не се случува. И кога двајца луѓе ќе дојдат таму и ќе донесат живот во замрената паланка, им создаваат илузија дека може да го променат животот на поквалитетен начин, а откако ќе заминат ги оставаат во уште подлабока безнадежност.

Огромна провокација, но и одговорност е да се постави Чехов. За Вујко Вања мечтаам можеби од почетокот на занимавањето со театар. Пресреќна сум што му дојде времето и што тоа ќе биде на новата сцена со нејзините можности и, пред се, со ваква екипаЧехов е меѓу вечните автори, секогаш актуелни, секогаш можат да се впишат во времето во коешто се поставуваат… Ова е многу едноставна, човечка приказна за љубовта, истакна Бузалковска.

Таа ја избрала и музиката за оваа претстава за која соработувала и со кореографот Александар Ацев од Хрватска и дизајнерот на светло Владислав Фролов од Русија. Сценографијата е на Тодор Дајевски, а костимографијата на Марија Пупучевска.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk