header sedista
Македонскиот народен театар со „Животот е прекрасен" дел од театарската елита на фестивалот МИТЕМ, Унгарија

Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“, во режија на Александар Морфов, на 19 април гостува на престижниот Меѓународниот театарски фестивал МИТЕМ во Будимпешта, Р. Унгарија. 

 Со ова гостување на фестивалот МИТЕМ, претставата „Животот е прекрасен“ го започнува меѓународно претставување, потврдувајќи го своето високо уметничко реноме.

Оваа година некои од најистакнатите уметници на театарот во Европа се враќаат да учествуваат на фестивалот МИТЕМ, а за Македонскиот народен театар ова ќе биде голем предизвик и искуство да застане рамо до рамо со врвни театарски куќи и светски познати режисерски имиња. На фестивалската програма на четвртото МИТЕМ издание ќе се прикажат театарски куќи од 11 земји (Данска, Полска, Литванија, Летонија, Македонија, Унгарија, Норвешка, Италија, Русија, Романија и Шведска) со претстави потпишани од страна на врвни режисерски имиња: Еуџенио Барба, Валериј Фокин, Атила Видњански, Давид Дојашвили,Томас Ричардс, Виктор Рижаков, Александар Морфов, Ана Петерсон, Раду Африм, Алвис Херманис, Искандер Сакаев, Римас Туминас, Силвиу Пуркарете, Еимунтас Некрошиус и други.

Фестивалот МИТЕМ е презентер на уметнички дела кои се од универзалната значајност и вредност, исто така, нуди простор за изразување на различни перспективи, менталитети, и естетиката на различни народи. Целта на фестивалот е да се презентира извонредена разновидност на уметноста на театарот од целиот свет. 

Атила Видњански/директорот на Националнит театар во Будимпешта, во чија организација е престижниот фестивал, вели дека театарот за него е карактеристичен и кондензиран модел на човековото постоење, но исто така дека театарот, како уметнички дијалог, е во состојба да служи како мост меѓу народите, софистициран уметнички дијалог кој се заснова на заедничка љубов кон театарот, не само што ни дава увид во меѓусебните културни богатства, но исто така ни помага да се разбере подобро, па дури и да ги искажеме своите идентитети.

Животот е прекрасен е претстава која има големи успех кај македонската публика и сега го започна својот меѓународен пат. 

На 20-тото јубилејно издание Златна Бубамара на популарноста беше избрана за најпопуларна претстава за 2016 година, а на 51-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ наградата за најдобра машка улога ја доби актерот Никола Ристановски за маестралната изведба на Подсекаљников, а наградата за женска епизодна улога ја доби актерката Билјана Драгичевиќ – Пројковска за улогата на Серафима Илинчина.

Македонскиот народен театар на фестивалот МИТЕМ учествуваше и пред две години со претставата Вечната куќа во режија на Дејан Пројковски.

По „Винер фествохен“ во Австрија со премиерната изведба на „Соларис“ и гостувањето на фестивалот во Клуж со претставата „Електра“, Македонскиот народен театар продолжува да учествува на најпрестижните европски фестивали, и со тоа покажува дека е дел од европската театарска мапа заедно со големите национални театарски куќи. МНТ оваа година ќе биде дел од официјалната програма  на МЕСС, а пота следуваат гостувања во  Грац, Виена, Загреб, Белград, Подгорица, Хамбург, Берлин, Торонто.

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?