Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ наградата за најдобра режија ја додели на Срѓан Јаниќијевиќ за претставата „Силјан штркот шанца“

На 4-то издание на интернационалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, во организација на Театар Комедија, а со поддршка на Општина Аеродром и Министерството за култура на РМ, на кој учествуваа 7 претстави, режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ја доби наградата за најдобра режија за претставата „Силјан штркот шанца“ во продукција и изведба на Македонски народен театар.

Трочлената комисија во состав: Лилјана Мазова, претседател, Павле Пекиќ/Србија и Петре Темелковски ги додели наградите за најдобар актер/актерка, најдобра режија и најдобра претстава. 

Во соопштението на меѓународното жири меѓу другото се вели дека врз текстот на Дејан Дуковски, Јаниќијевиќ создал концепт на исклучително модерен истражувачки процес, во сите сегметни на актуелноста на вечната тема: дали и колку забораваме да бидеме и деца, да си играме или да танцуваме. 

Претставите во селекција беа: „Лажговци во неволја“ од Сатиричен театар Софија, „Атена со пенис“ на Драмски театар, „Нажалена фамилија“ на театарот од Бања Лука, „Бегај еве ја жена ти“ од Кумановски театар, „Силјан штркот шанца“ на МНТ, „Аналфабет“ на Охридски театар и „Приказните на заборавените предци“ на НТ Слојштица.

Со почит, 

НУ Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk