Прес Конференција - „Електра“
Закажана е нова прес-конференцијата на 10 јули (четврток) во 11 часот. На сцената на Македонскиот народен театар завршуваат подготвките на претставата „Електра“ во режија на Андриј Жолдак , едно од најголемите европски режисерски имиња на денешницата. Андриј Жолдак во 2014 година е добитник на наградата „Златна маска“ за режија која претставува највисоко признание од областа на театарот во Русија. Неговите претстави се дел од најпрестижните светски фестивали и се носители на голем број награди и признаниа. Закажана е нова прес конференција на 08 јули во 11 часот по повод:
“Денови на Макеонскиот Народен театар во Кратово” На прес конференцијата ќе бидат објавени претставите и дополнителната програма кои ќе се одржуваат од 11 до 15 јули.