On-line продажба на билети   МНТ FM - Слушајте театар
24.6 | 21:00 Гола месечина - Силјан штркот шанца

Автор: Дејан Дуковски
Режисер: Срѓан Јаниќијевиќ


“Еден голем (возрасен) човек ми кажа дека во мојата земја, не знам која, големите на децата во театарот не им се обраќаат со зборот деца, туку им се обраќаат со зборот мали луѓе, мали Господа. 

Приказната за Силјан Штркот нека биде приказна за еден Господин – пораснато дете, еден од оние на кои големите им се обраќаат со зборот незрели. Адолесценти. 

Ако е работата одговор на сe, тогаш прашањето мора да биде крајно глупаво. Потполно легитимен став на едно големо дете, кое на пример, станува Штрк. 

Ако е театарот игра, тогаш само децата, големи или мали можат да се предадат на неговата незрела илузија. Таму каде што на пример, овци можат да летаат, да мјаукаат и да играат ча ча ча, а сето тоа има и уште каква смисла. Секое дете знае, чудо постои. Кој голем не сонува чуда? Но потоа, кога ќе се разбуди се однесува крајно незрело (но, не како незрело дете) и престанува да верува во нив. Големите се сеќаваат на своето детство единствено кога ги гледаат своите стари, пожолтени фотографии. Го забораваат духот којшто тие фотографии го заробиле. Па, не знам, децата знаат да сонуваат будни. Знаат да имаат фантазија. Јас сум за тоа. Работата сувопарно разбрана не е одговор на сѐ. Никој нема право да заборави дека чудата постојат. Да, Силјан беше едно време Штрк.

Во детската смисла за комично и во неговата ведра интелигенција се наоѓа единствениот темел на творештвото. Ајнштајн би рекол, возрасна личност не мисли ништо повеќе за идните проблеми од она што веќе размислувала во најраното детство. 

Посебно ми е драго што оваа приказна извадена од големите книги на Цепенков, веќе има свое театарско претставување во драмата на Прличко. Ова беше непроценливо искуство за мене. Традицијата е најдобар учител, а нејзиното продолжување, нашиот единствен кредит.” 
Дејан Дуковски

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?