„БРАЧНА ИГРА“ МИРИСА НА НЕШТО ЕПТЕН ЛИЧНО
Брачна меланхолија!? Здодевност!? Баруштина!? Очај!? Здодевност!? 50 години!? Хистерија како гром од ведро небо!? Караница!? Здодевност!? Брачни проблеми!? Тоа па тоа!? Кој е лудаков!? Здодевност!? Што бара во мојот живот!? Џилијан и Џек!? Весна и Игор!? Јасна и Перо!? Маре и Нико? Тука? По градов? Некаде во соседството? Бла бла бла... Кај на сваќата внуката од брат? Кај кумовите? По дома? А? Познато? Мириса на нешто лично?
Мириса на нешто многу лично!
Брачна игра на Едвард Олби гарантира феноменално патување низ нервниот систем на Џилијан и Џек! Конфликт до коска! Тешки прашања сѐ уште без одговори. Психоанализа до баналност! Трагика до комичност! Љубов до омраза! Брак до развод, и назад! Феноменална забава, божем на туѓа сметка.
Тоа е тоа! Џилијан и Џек, како Весна и Игор ИЛИ Весна и Игор како Џилијан и Џек!ТЕХНИЧКА ЕКИПА
Извршен продуцент: Симона Угриновска
Продуцент: Виолета Дамевска – Ѓоргиева
Преведувач од англиски: Весна Петрушевска
Костимограф: Елена Пандева
Изработка на костимите: Модно студио - Елена Лука
Сценограф: Илина Ангеловска
Реализација на сценографијата: Флорис од Кочани
Музичка илустрација: Игор Џамбазов и Весна Петрушевска
Дизајнер на плакат: Срѓан Јаниќијевиќ
Светло-мајстор: Илија Тарчуговски
Тон-мајстор: Ненад Трпеновски
Инспициент: Александар Рајковски
Видео оператор: Димитар Димитров
Суфлер: Зорица Благоевска
Реквизитер: Златан Бојчевиќ
Гардеробер: Валентина Чонкова
Изработка на фотографиите: Fashionel
Фризерски услуги: Infinity Studio
БЕЛЕШКИ ЗА АКТЕРСКАТА ЕКИПА
Како вистинска дама Весна Петрушевска грациозно ги игра зададените улоги и сигурно чекори низ игрите кој животот ги носи. Со Џилијан проникнува во себе, се навраќа на минатото и се соочува со компромисите кои секоја игра ги бара. Започна и заврши една игра, се справи со сѐ што носи таа, застана на полињата на тајни, лаги, вистини ... Сега, ужива во животот и храбро ита кон нови игри!
Во една реплика Џек вели: Јас повеќе не го менувам мислењето, јас го менувам својот живот. Така и Игор Џамбазов по брачната трка која ја трчаше 13 години, одлучи да го смени својот живот и никогаш повеќе да не го трча тој маратон. Поради тоа, продолжи да чекори по пат поплочен со нови не/мирни игри кој тој ги носи, предизвици, нагорници и надолници, не/пријатели, познаници и помалку познати...
БЕЛЕШКИ ЗА АВТОРОТ И РЕЖИСЕРОТ
Едвард Олби можеби официјално никогаш не заплови во брачните води, но затоа на едноставен, директен и мошне комуникативен начин ја испиша актуелната „Брачна игра“. Драма која започнува со ритуална игра, продолжува во бескрајна симболична војна на идентитети, човечност, поврзаност, фрустрации, разочараност... за со доза на лиричност да се трансформира во сценска поезија.
Тони Михајловски... пуста младост, пуста лудост... брачна среќа од 3 години... развод... нови искуства... искушенија... нов почеток... нов „луд“ брачен камен... 5 години... пу пу вечно да му трае...