МНТ FM - Слушајте театар
МAMMA MIA!
Оценете ја претставата

МAMMA MIA!

  • Автор: Музика и текст: Бени Андерсон | Бјорн Улвеус | текст: Кетрин Џонсон | по приказната на: Џуди Крејмер
  • Режисер: Наташа Поплавска
  • Информации: Препев на песните и превод на текстот: Тина Трпкоска
    Диригент: Бисера Чадловска
    Кореограф: Олга Панго
    Сценограф: Александар Дениќ
    Костимограф: Роза Трајчевска
    Извршен продуцент: Симона Угриновска
    Инструктори за пеење и вокал: Ана Костадиновска и Сара Николовска
    Асистент на кореографот: Ирена Лозинска
    Корепетитор и пијано: Биљана Петровска
    Дизајн и маркетинг супервизор: Емил Петров
    Инспициент: Вукица Александрова
  • Премиерна изведба: Недела, 24 Декември 2017
  • Времетраење: 180 минути
  • Пауза: Да
  • Сцена: Голема
  • Следни изведби:
    No events

MAMMA MIA!

Преку хитовите на АББА се раскажува смешната приказна за тинејџерка која е во потрага по нејзиниот вистински татко на еден грчки островски рај.
Фактот што над 54 милиони луѓе ширум светот се вљубени во ликовите, приказната и музика ја чини MAMMA MIA! претстава за врвно уживање! Мајка. Ќерка. Тројца потенцијални татковци. И патување низ просторот кое нема никогаш да го заборавите!   
Авторката, Кетрин Џонсон, го развива дејството на оваа весела и интересна приказна на прекрасниот грчки остров. Во пресрет на свадбата, желбата на ќерката да го открие идентитетот на татко ѝ враќа назад на островот тројца мажи од минатото на мајка ѝ коишто за последен пат го посетиле пред 20 години.
Раскажувачката магија на безвременските песни на АББА претставува двигател на волшебната приказна за љубовта, смеата и пријателството, креирајќи незаборавна претстава. Големата актерска екипа, веселата атмосфера и експлозивните танчерски нумери заедно ја прават МAMMA MIA! загарантирана хит-претстава за секој театар.

Проектот се реализира во копродукција помеѓу Македонски народен театар и Проспот д.о.о./Presented by Arrangement with Music Theatre International/Europe.


Prospot d.o.o е млада компанија која се бави со театарска и музичка продукција. Претставите “The Sound Of Music”, “I Love You, You’re Perfect, Now Change” i “Moped Show Live” се дел од продукцијата кои ги потпишува Prospot и кои доживеале голем успех во Словенија. Квалитетот на работењето и достигнувањата на оваа компанија потврдени се и со добивањата на ексклузивните права за првокласна продукција „MAMMA MIA!“ во Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Бугарија и Романија. Компанијата Prospot ја води Јуриј Франко, славниот југословенски скијач од осумдесеттите години кој со еднаков успех ги остварува и успесите во светот на бизнисот, а во последниве години се бави и со продукција на мјузикли и театарски претстави. Особено е горд на фактот што неговата компанија после шест години работа успева да ги обезбеди правата за мјузиклот „MAMMA MIA!“ чија премиера прво беше во Белград, а потоа во Љубљана и Загреб. На компанијата Prospot и е голема чест да биде копродуцент, заедно со Македонски народен театар, на овој голем хит, ширум светот. 

 

АКТЕРСКА ЕКИПА

СОФИ ШЕРИДАН – Нина Деан
ДОНА ШЕРИДАН – Биљана Драгичевиќ – Пројковска
СЕМ КАРМАЈКЛ –  Кире Ѓоревски
БИЛ ОСТИН – Трајче Ѓоргиев
ХАРИ БРАЈТ – Владимир Јачев
СКАЈ – Никола Наковски
ТАЊА – Арна Шијак 
РОЗИ – Тања Кочовска
ЛИЗА –Александра Павлова
ЕЛИ – Билјана Јовановска  
ПЕПЕР – Стефан Спасов
ЕДИ – Александар Михајловски
СВЕШТЕНИК – Борјан Тетиев

 

Коментари

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?