МНТ FM - Слушајте театар
Квартет
Оценете ја претставата

Квартет

  • Автор: Роналд Харвуд
  • Режисер:

    Зоја Бузалковска

  • Информации: Превод од англиски јазик: Љубица Арсовска 
    Дизајн и избор на музика: Зоја Бузалковска
    Извршни продуценти: Симона Угриновска и Павле Игновски 
    Инспициент: Александар Рајковски 
    Фотограф: Самир Љума 
    Дизајнер на плакат: Павле Игновски 
  • Премиерна изведба: Петок, 18 Ноември 2016
  • Времетраење: 140 минути
  • Пауза: Да
  • Сцена: Мала
  • Следни изведби:
    No events

За „Квартет“

Роналд Харвуд го напишал „Квартет“ инспириран од телевизиски документарец за Верди, чија куќа во Милано била претворена во старечки дом за оперски пејачи. Секоја година на неговиот роденден тие приредуваат гала концерт, на кој овие луѓе пеат, главно ужасно и секогаш многу потресно. По дваесет и пет години откако го гледал овој документарен филм, Харвуд се сеќава: „Беше тоа прекрасен документарец, кој ме „фати“. Минатата година тој повторно исплива на површината. И драмата се роди. Не сакав да го сместам во Италија, зашто не знам ништо за Италија. Затоа го сместив во Англија, во дом за музичари. Тоа е драма за четворица оперски пејачи, кои некогаш биле многу познати, особено поради квартетот од „Риголето“ и кога четвртиот доаѓа, решено е на 10-ти октомври, на роденденот на Верди, да го обноват својот познат квартет. И тогаш, на крајот на драмата, нема да кажам како, тие го пеат квартетот — тоа е театарскиот трик во драмата. Се работи за староста и за триумфот над неа. Еден од ликовите во текстот кажува: ’Ние сме уметници и ние треба да го славиме животот‘. За тоа е оваа драма“.  Драмата е напишана во 1999 година, и оттогаш со успех е изведувана на многу сцени низ Европа и светот. Дастин Хофман по овој драмски текст на Харвуд го сними својот филм-првенец.

АКТЕРСКА ЕКИПА


Џин Хортон - ЛИЛЈАНА ВЕЛЈАНОВА
Сесили Робсон - КАТИНА ИВАНОВА 
Реџиналд Пеџит - ЕМИЛ РУБЕН 
Вилфред Бонд - БЛАГОЈ ЧОРЕВСКИ

Коментари

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?