МНТ FM - Слушајте театар
Чикаго

„Чикаго е еден од најпознатите и најизведуваните мјузикли во светот. Дејствoто на мјузиклот е сместено во времето на „лудите дваесетти“ во Чикаго најозлогласениот град во САД во тие години поради огромниот број на криминалци, крадци, убијци... Овој мјузикл е напишан како сатира за корумпираноста на тогашното американско судство, но и системот во целина“. „Чикаго за прв пат е изведен на Бродвеј во Њујорк во 1975 година. Оригиналната поставка, кореографирана од Боб Фоси е изведена 936 пати. Обновена е во 1997 година, исто така во продукција на Бродвеј, со што станува апсолунтно најпопуларниот и најизведуваниот мјузикл. По Њујорк, мјузиклот е поставен  во Лондон, а потоа уште во многу градови низ целиот свет“. „Мјузиклот Чикаго е напишан според драмата на Морин Далас Ваткинс од 1926 година, којашто е инспирирана од вистински случаи на убиства за кои во својство на новинар известувала авторката. Оригиналната музика е на Џон Кендер, а автор на стиховите е Фред Еб“.

АКТЕРСКА ЕКИПА


Јелена Јованова – Рокси Харт
Арна Шијак – Велма Кели
Жарко Димоски к.г. (Театар Комедија) – Били Флин
Ивица Димитријевиќ – Ејмос Харт
Тања Кочовска к.г. (Театар за деца и младинци) – Мама Моротн
Билјана Драгичевиќ – Пројковска к.г. (Драмски Театар) – Мери Саншајн
Ана Стојановска - Ени, Кити
Тина Трпкоска - Џун
Билјана Јовановска -Ханијак
Нина Деан – Лиз
Лиле Миленковска/Саша Саган – Мона
Александар Михајловски – Фред Кејсли, Арон, Доктор и Хари
Александар Ѓорѓиески – Церемонијал Мајстор, Началникот Фогарти и Мартин Харисон
Борјан Тетиев – Судија
Стефан Кочевски-Кројачот
Маја Митровска-Вероника
Марија Крстевска-Правдата
Драган Кочовски – Држават или Вујко Сем
Балет и хор/МОБ
Оркестар/ФМУ
МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?