Предупредување
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 983
Светски ден на театарот – 27 март, 2015

Вистинските мајстори на театарот најлесно може да ги најдеме надвор од театарските сцени. Обично тоа се луѓе кои не го третираат театарот како вид на машина за репродуцирање на клишеа и конвенции. Токму тие ги пронаоѓаат пулсирачки извори и живи текови на реките, кои најчесто ги избегнуваат театарските сали и насобрана во нив безбројна толпа која се занимава со имитација на некои светови. Имитираме наместо да создаваме сопствени светови кои се концентрирани, па дури и зависни од дебати со публиката и од чувствата кои пристигнуваат прикриени, а кои токму театарот знае најдобро да ги открие. Таквите водичи ги наоѓам најчесто во прозата. Денес постојано и секојдневно размислувам за писателите кој пред околу сто години визионерски, иако воздржано го опишаа самракот на европските богови, кои ја потонаa нашата цивилизација во до ден-денес неразјаснет мрак. Тука мислам на Франц Кафка, Томас Ман и Марсел Пруст. Денес кон оваа група на пророци би го додал уште Џон Максвел Куци. Нивното заедничко чувство за неминовниот крај на светот, не како планета, туку како модел на меѓучовечки односи, поредоци и бунтови, е сега со нас на многу изразен начин.

Светски ден на театаротСо нас кои живееме после крајот на светот. Во однос на злосторствата и конфликтите што потпалуваат и зафаќаат се` понови места, дури побрзо отколку сеприсутните медиуми, се во состојба да стигнат да ги покријат со своите прилози и извештаи. Овие пожари и онака брзо стануваат здодевни и неповратно исчезнуваат од медиумските известувања, а ние се чувствуваме беспомошни, преплашени, опколени. Веќе не знаеме да градиме кули, додека ѕидовите кои постојано ги создаваме не не заштитуваат пред ништо, напротив тие сами бараат заштита и грижа која ја јаде речиси цела наша животна енергија. И немаме веќе сила да се обидуваме да го согледаме тоа што се наоѓа зад капијата, зад ѕидините. А токму заради тоа би требало да постои театар и од тоа да ја црпе својата моќ. Да гледа таму каде гледањето е забрането. „Преданието се обидува да го објасни необјаснивото. Бидејќи истото потекнува од длабочината на вистината, мора да го најде својот крај во необјаснивото“ – овие зборови кои Кафка ги употреби во врска со метаморфозите на преданието за Прометеј ги користам за да кажам каков би требало да биде театарот и на сите негови работници, оние на сцената и оние во публиката им посакувам токму таков театар кој започнува во длабочината на вистината и го наоѓа својот крај во необјаснивото.

Превод на македонски јазик: Матеј Качоровски Лектор: Татјана Христовска Качоровска

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk