МНТ FM - Слушајте театар
Македонскиот народен театар победник на фестивалот Денови на сатира во Загреб, Хрватска

На 41-то издание на фестивалот ,,Денови на сатира" во Загреб, Хрватска на кој учествуваа 15 претстави од Италија, Германја, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Македонија и Србија, Македонскиот народен театар беше прогласен за победник на фестивалот со претставата ,,Животот е прекрасен" во режија на Александар Морфов, во изведба на Македонски народен театар.

Жири комисијата во состав: Бојана Радовиќ, новинарка и театарска критичарка, Ливио Бадурина, драмски уметник и Томислав Зајец, драмски писател одлучи главната награда, Гран при за најдобра претстава да ја додели на ,,Животот е прекрасен" во продукција на Македонскиот народен театар.

За најдобра женска улога наградата и беше доделена на нашата актерка Николина Кујача за улогата на Марија Лукјанова, а наградата за најдобра машка улога, комисијата едногласно одлучи да му ја додели на нашиот актерот Никола Ристановски за улогата на Семјон Семјоновиќ Подсекаљников во истоимената претстава.

Од жири комисијата беше потенцирана маестралната актерска игра на целокупниот ансамбал во претставата.

Со оваа награда и сите претходни гостувања на релевантни фестивали во изминатиот период, Македонскиот народен театар потврди дека е еден од водечките театри во поширокиот регион.

Следно важно гостување ќе биде во месец октомври на интернационалниот фестивал МЕСС со претставата Електра, во режија на Андриј Жолдак, како дел од главната програма на фестивалот.

Со почит,
НУ Македонски народен театар

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?