150-ТА ИЗВЕДБА НА „ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА“

Прес-конференцја 1 февруари/среда во 11:00, по повод 150-тата изведба на претставата „Госпоѓа министерка“ во режија на Наташа Поплавска.

И Весна Петрушевска и Мери Бошкова и целата комплетна мината и сегашна актерска екипа создадоа Живка, Живка министерката и претставата Госпоѓа министерка да бидат живи, полетни, сакани, барани ... Затоа Живка и претставата се личност и настан на кој публиката се радува, му аплаудра долго и за време на претставата и уште подолго по последната одиграна сцена. Играат за денес или за некој друг ден и некое друго време – понесени од новите предизвици, новите актуелности и за нова или стара публика. Зашто кога ќе го кажат она на крајот од изведбата „па што, јас и утре можам да бидам министерка“ им веруваме. Ги сакаме, френетично им аплаудираме. И на онаа Живка на Мери Бошкова која имаше неброени изведби, и на оваа Живка на Весна Петрушевска која еве ја има 150 изведба, а зошто да не веруваше деке ќе има уште 150, и пак уште 150, и пак...

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk